По повод празникот на жената на 05.03.2021г. беше отворена изложбата „Skrinja ljubavi“ во организација на ЗХ „Либертас“ од Штип а во соработка со библиотеката. Тоа се рачни изработки на жени од хрватска кои ги понеле со себе при доаѓањето во нашата земја, изработки во кои има вткаено парче од нивната душа, симбол на нивниот корен и идентитет а изработени со многу љубов.
На изложбата беше присутна и Н.Е. Нивес Тигањ-амбасадорка на Р.Хрватска во Р.С.Македонија заедно со Ана Вучич- втор секретар во кабинетот и Санда Сумич Фотевска -службеник.
Настанот го водеше Јуле Малинова- новинар а за изработките свое видување даде и Бети Иванова - етнолог при Музеј - Штип.
Настанот со своја музичка точка го збогатија прекрасните брат и сестра Драган и Лина Костадинова со изведба на две песни на хрватски и македонски јазик.
На настонот му претходеше и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Здруженитео на хрвати во Штип и библиотеката од страна претседателката Долорес Петров и директорот Зоран Костовски.
Настанот беше организиран и реализиран со почитување на сите мерки за заштита.




