Месец на книгата од 15.10.до 15.11.2020, во време на пандемија кога здравјето на сите е приоритет, библиотеката сепак изнајде начин да ја афирмира, популаризира и доближи книгата до нејзините читатели-децата.
За таа цел беше организирана посета на сите училишни библиотеки во сите основни и средни училишта во градот во две детски градинки и во посебните паралелки во ООУ „Ванчо Прке“, подаривме скромни пакети со книги за нивниот фонд
им понудивме отворена соработка за секаков вид стручна помош во водењето на нивните училишни библиотеки. На сите училишта подаривме примероци од Книгата-Сон што го држам во рака - во која се собрани наградените литературни творби токму на учениците од училиштата која беше издадена оваа година од страна на библиотеката како проект од издавачката дејност подржан од страна на Министерството за култура, се со цел да ја потикнеме творечката мисла, навиките за читање уште од најмала возраст како едни од битните компоненти за правилен развој и формирање на детската личност.











