• 1

Соопштенија

  • МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ 2020 +

    МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН  НАГРАДЕН КОНКУРС  ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ 2020 По повод 23 април - Светскиот Прочитај повеќе
  • БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК +

    БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ Прочитај повеќе
  • 23 Април - промоција на „Другата Марта“ второ издание од Горјан Петревски +

    23 Април - промоција на „Другата Марта“ второ издание од Горјан Петревски 23 Април - промоција на „Другата Прочитај повеќе
  • СО КНИГА ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ +

    СО КНИГА ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ +

    МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН  НАГРАДЕН КОНКУРС  ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • 1
  • 2

По повод 23 април - Светскиот ден на книгата и авторското право

НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ - Штип

распишува

МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН

НАГРАДЕН КОНКУРС

ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ

-         Право на учество на Конкурсот, со свои творби, имаат жителите на општините Штип и Карбинци;

-         литературните творби се доставуваат под шифра, на адреса: Национална Установа - Универзитетска Библиотека „Гоце Делчев“ - Штип, ул. Вита Поп Јорданова бр. 5 Штип со назнака - За награден конкурс;

-         заедно со творбата, се доставува и решение на шифрата (авторот), со неговата адреса, училиште, ментор и телефонски број, која се става во помало залепено плико;

-         за сите учесници темата е:

УМОТ ЦАРУВA, КНИГАТА ГО ХРАНИ“;

-         се препорачува организирано учество на Конкурсот на учениците со своите творби од основните и средните училишта;

-         се предвидува да бидат доделени по 3 (три) награди, во три конкуренции:

а) за ученици од 1-5 одд.,

б) за ученици од 6-9 одд.

в) за останати учесници (средношколци,студенти, работници...).

Конкурсот трае од 01.05.2020 до 24.05.2020 год.

Резултатите ќе бидат објавени, а наградите доделени во просториите на Библиотеката.

 

Во Штип 30.04.2020 год. од Конкурсната комисија