• 1

Соопштенија

  • МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ 2020 +

    МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН  НАГРАДЕН КОНКУРС  ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ 2020 По повод 23 април - Светскиот Прочитај повеќе
  • БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК +

    БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ Прочитај повеќе
  • 23 Април - промоција на „Другата Марта“ второ издание од Горјан Петревски +

    23 Април - промоција на „Другата Марта“ второ издание од Горјан Петревски 23 Април - промоција на „Другата Прочитај повеќе
  • СО КНИГА ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ +

    СО КНИГА ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ +

    МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН  НАГРАДЕН КОНКУРС  ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • 1
  • 2

Првиот ден од зимската школа започна со претставување и меѓусебно запознавање на учесниците.

Потоа следуваа два часа посветени на книгите и книжевноста за млади – тема на немоќните, децата со посебни потреби преку ликовите на деца и младинци кои се прикажани во светската, но и во македонската книжевност за деца и млади. Предавач во оваа активност беше проф. д-р Јованка Денкова чија специјалност е токму детската литература, заедно со студентките Милена Тасева и Верица Милорадова. Следуваше креативна работилница на која децата преку цртежи и текстови ги изразија своите чувства и импресии и испратија пораки.
На крајот саледуваше забавното Караоке Шоу во кое сите со задоволство зедоа учество.

81971993_10157902464640295_7685256424665907200_o.jpg

82706890_10157902461650295_6193637883610398720_o.jpg

82526995_10157902462190295_8554605153095778304_o.jpg

82056742_10157902462185295_2617401526003433472_o.jpg

 

Вториот ден од зимската школа помина во забавна и едукативна атмосфера во соработка со Активот на жени од Здружението на пензионери Штип. Вештите раце и мудрите совети на пензионерките помогнаа нашите учесници да подготват тесто, потоа да сукаат и направат кифли и колачиња и на крај да ги испечат и уживаат во прекрасниот вкус. Интересот кај сите деца беше голем а желбата да научат повеќе и кај оние што веќе имаа мали искуства можеше да се забележи. Потоа имаа практични примери како да исплетат шалче користејќи ги советите на вредните пензионерки на кои искрено им благодариме за двочасовното дружење во Библиотеката. На крајот следуваше забава со Makerspace сетовите како дел од традиционалната сореаботка со Американското катче, за кои имаше како и секогаш многу интерес и покажана креативност, тимска работа и помош од страна на поискусните.

81831083_10157905325445295_6274788576248987648_o.jpg

83064540_10157905325890295_603648767165464576_o.jpg

82799893_10157905324590295_7223298615710580736_o.jpg

82772114_10157905325495295_286396678519390208_o.jpg

82559087_10157905324640295_288223190671425536_o.jpg

82401985_10157905326065295_6566077321302769664_o.jpg

82261689_10157905326030295_1728985728349634560_o.jpg

82192679_10157905323160295_3567820738557640704_o.jpg

82024466_10157905323820295_8862748088553439232_o.jpg

81971422_10157905325550295_3003683991183163392_o.jpg

81958189_10157905323785295_7361170025144647680_o.jpg

Третиот ден зимската школа го започна со активноста- Цртежи инспирирани од бајките, водени од страна на ликовните уметнички Сара Петров и Анастасија Петрова. Преку совети и практични примери на нивните досегашни искуства ги водеа нашите млади учеснички во двочасовната работилница од која произлегоа прекрасни цртежи. Третиот час беше посветен на музика и инструменти каде децата подетално се запознаа со гитарата, но и имаа можност да се обидат самите да свират. Преку убавите звуци на гитара и песни од страна на Баже Лазаревски и Гордана Гуњова нашите учесници се забавуваа и пееја заедно македонски песни.

 

82109279_10157908289320295_6916958432645873664_o.jpg

83514591_10157908289815295_2957817661767024640_o.jpg

82831171_10157908290445295_1514895455618596864_o.jpg

82533518_10157908290145295_7700993141888778240_o.jpg

82336786_10157908290870295_3946022149755502592_o.jpg

82258002_10157908290585295_1210080853527363584_o.jpg

81990875_10157908290295295_5094787818236936192_o.jpg

Уште еден убаво поминат ден во зимската школа - Библиоарт 2020. Многу забава, учење и стекнување вештини, секојдневно се случуваат во текот на тричасовното дружење во Библиотеката. Денот започна со музика и игра и веднаш потоа првиот час предвиден за фотографирање со помош на Маја Рамона Крстевска. Децата имаа можност да научат како се прави добра фотографија преку мобилен телефон и на што треба да се внимава. Самите направија голем број фотографии за кои добија совети како да ги едитираат и направат според нивните желби. Потоа гледаа филм, активност во соработка со Американското катче. Поголемите ученици гледаа филм во просториите на Катчето, а помалите во Библиотеката каде воедно цртаа, боеја и играа друштвени игри.

 

82948941_10157911470855295_2993271281060675584_o.jpg

83073380_10157911470930295_6054405871486631936_o.jpg

82208330_10157911471615295_8849825940709048320_o.jpg

Петтиот, а воедно и последен ден од зимската школа Библиоарт 2020, ја потврди успешноста на школата изразена преку детските реченици и импресии како и на нивните родители. Последниот ден имавме креативно учење англиски преку игра со Центарот за странски јазици Делта Зита Ми, потоа посета на МК Албатрос каде децата се запознаа со севкупниот процес на изработка на облека, на што им благодариме за одвоеното време на менаџерите на Модната конфекција. На крајот забавата ја организираше Ана Марија Адраманова, учејќи ги децата на модерен танц и во ритамот на музиката заиграа сите заедно многу успешно и лесно следејќи ги покретите на Ана Марија. Севкупно, сакаме да изразиме благодарност на сите учесници за активното и креативно дружење и едукација и на сите соработници од надвор, кои се вклучија во програмата и помогнаа истата да се реализира успешно со помош на библиотекарите задолжени за настаните.

 

82238146_10157914716775295_4297640629673918464_o.jpg

83268927_10157914713415295_1030995955828129792_o.jpg

83245200_10157914715780295_3757284630886088704_o.jpg

83102196_10157914717100295_7565114760488812544_o.jpg

83032292_10157914715505295_2787827941432623104_o.jpg

82967821_10157914713015295_6198448470320218112_o.jpg

82907469_10157914716950295_2900380351153045504_o.jpg

82859132_10157914717670295_5914117267343278080_o.jpg

82859132_10157914714355295_637282235153645568_o.jpg

82814586_10157914714100295_3478768070598590464_o.jpg

82798812_10157914719880295_7283835204790124544_o.jpg

82705139_10157914718855295_5268900969168502784_o.jpg

82623036_10157914713370295_993545709317783552_o.jpg

82601414_10157914713910295_6444374561067630592_o.jpg

82557142_10157914718690295_7090832779100815360_o.jpg

82537037_10157914714805295_1441261943590486016_o.jpg

82395078_10157914718715295_5891754046942871552_o.jpg

82375724_10157914716120295_3268188336631578624_o.jpg

82299339_10157914716325295_5095405915570438144_o.jpg

82266657_10157914713885295_5755077879662641152_o.jpg

82218722_10157914719585295_6366144055348297728_o.jpg