• 1

Соопштенија

  • БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК +

    БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ Прочитај повеќе
  • 23 Април - промоција на „Другата Марта“ второ издание од Горјан Петревски +

    23 Април - промоција на „Другата Марта“ второ издание од Горјан Петревски 23 Април - промоција на „Другата Прочитај повеќе
  • СО КНИГА ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ +

    СО КНИГА ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ +

    МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН  НАГРАДЕН КОНКУРС  ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • Зимска школа - Библиоарт 2019 +

    Зимска школа - Библиоарт 2019 НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип организира Зимска Прочитај повеќе
  • 1
  • 2

21 Март Светски ден на поезијата

и во чест на поетите кои твореле на нашите простори, неколку познати стихови од нивното творештво.


1. “Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство: ни детските шепоти што ги откривав во сеидбите на дождовите, ни закажаната бура во пајажината…”: извадок од циклусот “Пет љубовни писма”, - Петре М. Андреевски.

2. “Нема ли живот, нема ли љубов за живот голема, љубов за живот човечна у виа гради аргатски?...” - “Печал”, Кочо Рацин

3. “Морето твое ме создаде, бран да ти бидам, ти го одземам просторот во кој ги спушти своите раце да мируваат. Бран сум ти, нешто можеби и нетвое.Ти одземам сето. А ти...” - “Ти и јас”, Даница Ручигај

4. “Јас не ја знам ѕвездата под која се родив, и дали вети зло или добрина. Кажи ми ја твојата ѕвезда, да знам дали таму е запишана и мојата судбина” - “Хороскоп”, Радмила Трифуновска.

5. “Ти што ќе стоиш на Газибаба, потомче-чуј: одовде и јас Скопје сум го гледал, а денот беше пролетен...” - “Скопје”, Блаже Конески

6. “Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите, и жените...” - “Сердарот”, Григор Прличев

7. “Орелски крилја как да си метнех, и в наши ст’рни да си прелетнех!.. “ - “Т’га за југ”, Константин Миладинов.

 

Одбележан Светскиот ден на поезијата со манфестацијата „Плати кафе со поезија“ која се реализираше во соработка со Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Универзитетскиот ресторан, каде учесниците своето испиено кафе го платија со напишана песна. 
Со овој настан е со цел за посилно промовориње на поезијата во општествениотживот, како и афирмирање на ставот дека токму литературата може да биде мост сполотување, разбирање и градење на трајни вредности а поезијата од секогаш била источник на чистата душа, извор на вистината, така и ќе остане.

 

54419823_10157047502510295_1962302546735267840_o.jpg54377012_10157047504085295_7169136698696138752_o.jpg54377009_10157047504020295_5783815076343447552_o.jpg54520782_10157047503820295_1749139720652193792_o.jpg54524798_10157047503565295_6651926888551809024_o.jpg54521254_10157047503520295_2558209596694986752_o.jpg54521376_10157047503460295_7427796285144432640_o.jpg54519752_10157047503345295_7988916990519541760_o.jpg55460026_10157047503125295_5656286407719649280_o.jpg53879204_10157047503045295_3430397899802935296_o.jpg54255208_10157047502905295_6638449199572582400_o.jpg54519867_10157047502625295_8111184092277506048_o.jpg