• 1

Соопштенија

  • 23 Април - промоција на „Другата Марта“ второ издание од Горјан Петревски +

    23 Април - промоција на „Другата Марта“ второ издание од Горјан Петревски 23 Април - промоција на „Другата Прочитај повеќе
  • СО КНИГА ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ +

    СО КНИГА ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ +

    МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН  НАГРАДЕН КОНКУРС  ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • Зимска школа - Библиоарт 2019 +

    Зимска школа - Библиоарт 2019 НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип организира Зимска Прочитај повеќе
  • Денови на Шопов +

    Денови на Шопов Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • 1

Светскиот ден на мајчиниот јазик го одбележавме со промоција на книгаата Шупливо злато и изложба на графичко-релјефни слики од млад автор кој пишува на мајчиниот јазик Пепи Манасов.


Промотор на книгата беше проф.д-р Јованка Денкова која истакна: „ Ова е приказна која ќе ве потсети дека животот не треба да се сфаќа и да се гледа површно, туку треба да се загребе малку под површината, да се цени она што се има бидејќи е незаменливо. А тоа многу добро се открива со малото загребување во златото на Манасов, зашто тоа загребување ја открива вистината за лажливоста на овој свет, како свет во кој, сепак, најважни се семејството, пријателството и љубовта.“
Промотор за изложените слики м-р Петар Деноков меѓудругото истакна:Пепи Манасов со неговиот интерес кон митологијата, историјата и културата стои како најдобар пример за модерниот културен човек, чиишто ренесансен карактер алудира на мултидисциплинарноста на ренесансните уметници. Неговото познавање и примената на симболи од разнострани култури во неговите релјефни композиции укажуваат на една длабока емотивна поврзаност во однос на проучување како на нашата така и на странските култури и желба за еден нивно воскреснување преку ликовните медиуми. Неговите дела располагаат со богат фонд на симболи и композициски елементи кои вешто се вткаени во крутиот и релативно тежок за изработка материјал. Во неговото ликовно творештво се чувствува и влијанието на различни влијанија од различни култури ширум светот, култури географски и временски се оддалечени. Тие се исклучително значајни за зародување на интерес кон исчезнатите, но не и заборавените антички цивилизации. Истото важи и за нашето минато, нашата историја, за христијанството и неговата идеологија, чијашто историска запаметеност зависи од идниот интелектуален слој на општеството.

 

52585286_10156983540560295_8419264140824018944_o.jpg52439659_10156983545165295_7891829800254308352_o.jpg52567636_10156983544975295_4205422463443533824_o.jpg52478506_10156983544915295_2288642086100008960_o.jpg52886971_10156983544960295_3529359173277974528_n.jpg52840235_10156983543995295_4093427931320156160_o.jpg53080048_10156983543920295_3002772538993410048_n.jpg52637261_10156983543740295_8230871112691482624_o.jpg52567710_10156983543690295_3261232366512766976_o.jpg52797072_10156983543650295_4951154108879863808_o.jpg52534562_10156983543495295_647357820408168448_o.jpg52548494_10156983543435295_5498953539394732032_o.jpg52830925_10156983543160295_4633342957225771008_o.jpg52641225_10156983543105295_3340843949030899712_o.jpg52487907_10156983542905295_3967828643610099712_o.jpg52513928_10156983542955295_6383591144512552960_o.jpg52470631_10156983542855295_8999256795058798592_o.jpg52835834_10156983542740295_1058816885660844032_o.jpg52494588_10156983542730295_4354517313911783424_o.jpg52446271_10156983542685295_2384336581679906816_o.jpg52598273_10156983542495295_4986222061585170432_o.jpg52602178_10156983542455295_3838948499102105600_o.jpg53065696_10156983542530295_1524180715351048192_o.jpg52558950_10156983541160295_2618235776156041216_o.jpg53100447_10156983540950295_4340087151510159360_o.jpg52964768_10156983540925295_4521931024531193856_o.jpg52605631_10156983540870295_3647525285642895360_o.jpg52694969_10156983540500295_6436307461434507264_o.jpg