Социјалниот клуб на ЦПЛИП „ПОРАКА“ Штип
ги отвори вратите за сите добронамерни луѓе кои внесоа многу љубов, поддршка, искрени чувства кон членовите на ЦПЛИП „ПОРАКА“ Штип со своето присуство на предновогодишната забава со песна, дружење и размена на скромни подароци. Присуството на дел од членовите на ЗГ „Гратски хор“ Штип , преставници на НУ У Библиотека „Гоце Делчев“ Штип, преставници на Здружение ЦИВИТАС Штип, волонтери, придонесоа за искрената насмевка, растреперените срца на сите присутни.
БЛАГОДАРИМЕ ЗА ОВОЈ УБАВ И НЕЗАБОРАВЕН ДЕН!