• 1

Соопштенија

  • Согласност за нацрт годишна програма на Националната установа +

  • Одлука за работно време летен период 2023-та +

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Предавање за улогата на визуелната сфера во современата епоха и начините на кои новите медиуми влијаат врз формирањето на свеста.

На 13.12.2018 г. во салата за промоции на НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“, Штип се одржа предавање со осврт на улогата на визуелната сфера во современата епоха и начините на кои новите медиуми влијаат врз формирањето на свеста. Преку кратко претставување на досегашната работа на Центарот за визуелни студии – Скопје се потенцираше потребата од визуелните студии, која се појавува поради енормниот обем на доминантно визуелни информации и бројните начини на кои може да настане до проблеми во комуницирањето на намерите и пораките.

Акцентот на презентацијата беше ставен на претставување на новите сознанија од теоријата (преку книгата на Николас Мирзоф, „Како да се гледа светот“) и анализа на неколку скорешни медиумски влијателни примери од популарната култура, како што се музичкото видео на Бијонсе и Џеј-Зи за Apeshit објавен во јуни 2018 и аукцискиот „скандал“ и „обидот за субверзија“ на Бенкси кој се случи на 5 октомври 2018 година. 
Владимир Јанчевски е активен на културно-уметничката сцена со бројни самостојни и колаборативни проекти, предавања, изложби и јавни дискусии и Сафет Ахмети е основач и раководител на ЦВС-Скопје, толкувајќи ги преку поимот слобода и неговите ограничувања во неолибералниот капитализам, ќе се обидат да ги постават во рамката на она што германскиот филозоф со кореанско потекло Бјунг-Чул Хан го дефинира како „Психополитика“, со цел да се укаже на специфичните процеси на контрола на визуелните содржини и нивната интерпретација, опасностите од блокирањето на еманципаторскиот потенцијал, но и начините преку кои тие можат критички да се ангажираат во насока на регенерирање на општествената сфера.

 48420485_10156813054130295_2959329812377763840_o.jpg48385428_10156813054075295_5277421432664489984_o.jpg48155221_10156813053820295_437156812362350592_o.jpg48178693_10156813053865295_6845665836707872768_o.jpg