• 1

Соопштенија

  • Нашата агенда - на ваше информирање +

    Нашата агенда - на ваше информирање Ве очекуваме и во Детското Прочитај повеќе
  • Повелете утре на концерт на Градскиот хор во Амфитеатарот на Библиотеката +

    Повелете утре на концерт на Градскиот хор во Амфитеатарот на Библиотеката 18.07.2016 (понеделник) во 21:00 ч. Прочитај повеќе
  • Промоција на Библиографија за 30 години - творештво на Трајче Кацаров со 30 љубовни ,,Песни за Таја" +

    Промоција на Библиографија за 30 години - творештво на Трајче Кацаров со 30 љубовни ,,Песни за Таја Утревечер, 14.07.2016 год., 21:00 ч., Прочитај повеќе
  • Прес конференција по повод почетокот на „Бесплатната летна школа“ на библиотеката +

    Прес конференција по повод почетокот на „Бесплатната летна школа“ на библиотеката НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ од денес Прочитај повеќе
  • Купи книга....сончај се, читај и уживај! Лето 2018! +

    Купи книга.... сончај се, читај Прочитај повеќе
  • 1
  • 2

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2018“

ПОТРЕБНИ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО

ПРОМОЦИЈАТА НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП

НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА

„17. МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ ШТИП, 2018

            НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип и оваа година ги организира традиционалните, 17. по ред, „Митровденски средби на доктори на науки од Штип, 2018“, на кои, меѓу другото, на свечен начин пред пошироката јавност, ќе бидат промовирани новите доктори на науки од Штип, кои со овој највисок научен степен се имаат стекнато во периодот од 09.11.2017 до 22.10.2018 год. Исклучок ќе биде направен за лица кои докторирале пред наведениот период, а од оправдани причини не биле промовирани на истава манифестација.

Со цел учество и промоција на новите доктори на науки на оваа манифестација, потребно е истите да ја комплетираат подолунаведената документација.

Потребната документација е следнава:

  1. Пополнет формулар со податоци за докторот на науки (Прилог 1.);
  2. Примероци од: магистерскиот труд, докторската дисертација, издадените, публикувани книги (Прилог 2.);
  3. Портретна фотографија во А3 - формат (Прилог 3.);
  4. Фотографии од настапи и учества во земјава и во странство;
  5. Задолжително обезбедување промотор (детали во Прилог 4);
  6. Мултимедијално „ЦД“што содржи кратка презентација на одбранетата докторската дисертација;
  7. Кратка биографија во наративна форма во 3 л. едн. (Прилог 5.)

Доставувањето на комплетните пријави се врши најдоцна до 22.10.2018 година (понеделник) во Архивата на НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип, кај лицето Вилма Јованова тел.078 472 605 и Соња Манева со тел. број 078473480.

Манифестацијата ќе се одржи на 08.11.2018 год. (Митровден) во просториите на НУ-УБ „Гоце Делчев“ во Штип и е влезена во Општинската програма за прослава на Денот на ослободувањето на градот. Комисија за распишување на Јавен повик за пријавување на нови доктори на науки од Штип, учесници на „Митровденски средби на доктори на науки, 2018“:

1)         Сашко Неделков

2)         Вилма Јованова

3)         Благица Спиридонова

4)         Соња Манева

НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип,

В.Д директор,

Блага Спиридонова

 

Prijava za Mitrovdenski sredbi 2018