ОД ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“,
ШТИП 2018 ГОДИНА
Натпреварот се одржа во универзитетската читална на Одделот за возрасни во Националната установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип, на 05.10.2018 година со почеток во 11.00 часот. Од пријавени 12 натпреварувачи, учествуваа сите 11 натпреварувачи.
На секој натпреварувач му се подели Тест прашалник со вкупно 20 прашања и со временски рок од 60 минути за давање на одговорите. По поминатите 60 минути предвидени за давање на одговори, Комисијата за организирање и спроведување на Натпреварот, ги оцени поединечно дадените одговори во тест прашалниците.
Дадени се следните резултати од спроведениот Oпштински натпревар „Млади библиотекари” Штип 2017 година:
- Искра Постолова ООУ „Гоце Делчев“ 135 поени
- Тамара Беркова ООУ„Димитар Влахов“ 133 поени
- Стефанија ЛазароваООУ„ГоцеДелчев“ – 132 поени
- Ана Ѓошева ООУ„Ванчо Прке“ 130 поени
- Ана Арсова ООУ„Димитар Влахов“ 108 поени
- Ангела Петровска ООУ„Тошо Арсов“ 105 поени
- Милена Милорадова ООУ„Славејко Арсов“ 83 поени
- Ангела Дамбева ООУ „Гоце Делчев“ 78 поени
- Глорија Атанасова ООУ„Ванчо Прке“ 78 поени
- Катерина Здравкова ООУ„Славејко Арсов“ 72 поени
- Марија Штерјова ООУ„Тошо Арсов“ 66 поена
Натпреварувачот кој покажа најдобро знаење на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари” Штип 2018 година е Искра Постолова ООУ „Гоце Делчев“-Три чешми под менторство на професор по македонски јазик и литература Весна Јованова со што се стекнаа со право да учествуваат на Државниот натпревар
На сите учесници на натпреварот, од организаторот – Библиотека, им се поделија пригодни подароци и благодарници за учесниците и менторите
Од комисијата за реализирање на натпреварот.
Штип, 05.10.2018 год. |
|