• 1

Соопштенија

  • Зимска школа - Библиоарт 2019 +

    Зимска школа - Библиоарт 2019 НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип организира Зимска Прочитај повеќе
  • Денови на Шопов +

    Денови на Шопов Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • 1

Конечно и слепите лица во Штип ќе можат да ги користат услугите на штипската библиотека. Ова го овозможува набавката на книги напишани со т.н. браево писмо кое го користат лицата со оштетен вид:

- Набавени се 20 книги од современа македонска поезија и проза и звучни книги наменети за децата. Станува збор за аудиопримероци на бајките на Андерсен, изјави Милена Ристова Михајловска, дир. на НУБ „Г.Делчев“ – Штип.

Во Штип има околу 200 слепи или лица со проблеми со видот и ова е првпат тие да добијат можност да изнајмат книга на браево писмо од библиотеката:

- Ние одамна се бориме за вакво нешто и сме презадоволни што конечно го имаме како право и што библиотеката мисли и за нас, кажа Ѓорѓи Ѓорѓиев, секретар на Здружението на слепи лица – Штип.

audio2

Ова, меѓу другото е дел и од интенцијата на Сојузот на слепи книгите и документите да се направат достапни и за оваа категорија на луѓе.Инаку, Штипската библиотека и досега имаше книги со браево писмо, но истите не беа достапни за читателите зашто беа дел од Депозитното одделение како т.н. задолжителен примерок.

Новата набавена литература е наменета за изнајмување и неа слепите ќе можат да ја подигнат од библиотеката или , пак, преку активноста „книга за инвалиди“ ќе им биде доставена дома.Целиот проект е во вредност од 100.000 денари, од кои 70 % се потрошени за книги на браево писмо, а 30 за набавка на звучни книги.