• 1

Соопштенија

  • Согласност за нацрт годишна програма на Националната установа +

  • Одлука за работно време летен период 2023-та +

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Националната установа универзитетска - Библиотека „Гоце Делчев" - Штип,  додели признанија на основните и средни училишта во Штип и Карбинци, во рамките на манифестацијата „Од читалиште до библиотека", а која е дел од прославата 70 години од постоењето на библиотеката.

одбелезуванје2

Директорката на НУУБ „Гоце Делчев" - Штип, Милена Ристова-Михајловска, истакна дека со оваа манифестација сакаат да им оддадат признание на учениците и наставниците, кои учествуваат во сите проектни активности на библиотеката.

одбелезуванје4

- Во текот на 2016 година реализиравме голем број на проекти поддржани од Министерството за култура, а надвор од тоа плус стотина афирмативни активности, со цел доближување на книгата на сите групи на читатели, вели Ристова-Михајловска.

Советникот за општествени дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов, вели дека 70 години од постоењето на библиотеката е јубилеј достоен за почит.

одбелезуванје5

- Во оваа прилика се потсетуваме и на почетоците на библиотекарството во Штип, зборуваме за првото читалиште, кое во 1862 година Штип го добива во рамките на своето неделно училишта, а потоа прераснувајќи и создавајќи услови за присуството на книгата во нашиот град, вели Панајотов.