• 1

Соопштенија

  • Нашата агенда - на ваше информирање +

    Нашата агенда - на ваше информирање Ве очекуваме и во Детското Прочитај повеќе
  • Повелете утре на концерт на Градскиот хор во Амфитеатарот на Библиотеката +

    Повелете утре на концерт на Градскиот хор во Амфитеатарот на Библиотеката 18.07.2016 (понеделник) во 21:00 ч. Прочитај повеќе
  • Промоција на Библиографија за 30 години - творештво на Трајче Кацаров со 30 љубовни ,,Песни за Таја" +

    Промоција на Библиографија за 30 години - творештво на Трајче Кацаров со 30 љубовни ,,Песни за Таја Утревечер, 14.07.2016 год., 21:00 ч., Прочитај повеќе
  • Прес конференција по повод почетокот на „Бесплатната летна школа“ на библиотеката +

    Прес конференција по повод почетокот на „Бесплатната летна школа“ на библиотеката НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ од денес Прочитај повеќе
  • Купи книга....сончај се, читај и уживај! Лето 2018! +

    Купи книга.... сончај се, читај Прочитај повеќе
  • 1
  • 2

За успешен крај на годината штипската библиотека „Гоце Делчев“ ги награди најредовните читатели.Слободното време секогаш е добро искористено, кога покрај себе имаш добра книга. Највозрасните читатели и покрај тоа што работниот век го поминале во читање на стручна литература, таа љубов кон книгата ја продолживаат со читање на различни жанрови.

-Овој ден е посветен на нашите ценети читатели, консументи на духовната храна од библиотеката, книгата, да им оддадеме едно признание, една благодарност, за тоа што се постојано тука со нас и се дружат со книгата, изјави Соња Манева, библиотекар.

citateli1

Наградите беа поделени на најверните читатели во детско, возрасно и академско одделение. Кај децата, награди беа поделени од прво до деветто одделение, а кај возрасните во категориите пензионери, вработени и ученици.

- По заминувањето во пензија најдов задоволство во читањето на книги, имам многу книги прочитано, некаде преку 200, секоја книга е посебна за себе, навистина книгата е најдобар другар и пријател на човекот, изјави Софија Димкова, добитник на награда.

citateli2

Наставничката работа изгледа не влече кон читањето, ете и јас сум професор од гимназијата во пензија, со читањето не сум од пензионирањето, читам уште од детството, изјави Зорица Атанасова, добитник на награда.

Освен пензионери, беа наградени и студенти, а добитник на овогодинешната награда за студенти е Тургај Деде од Турција.Годинава имаше и награда за штипско семејство кое прочитало најмногу книги.

citateli3

Со овие симболични награди штипската библиотека има за цел да ги мотивира и поттикне штипјани да читаат повеќе, како би се стекнале со поголемо знаење, но и духовно богатство на личноста.

Освен слободна литература библиотеката има на располагање и голем избор и на стручна литература.Штипската библиотека им нуди и семејни пакети на редовните читатели. Семејството Младенови се едни од нив.За време на новогодишните и божиќните празници, па се до први февруари штпската библиотека нема да работи во сабота.