• 1

Соопштенија

  • Денови на Шопов +

    Денови на Шопов Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • 1

Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит и Здружението КУРС од Сплит спроведуваат заедничка културно-уметничка соработка во периодот од 28 октомври до 1 ноември 2016. Тие ќе го претстават програмот „СМОШ-Фестивал на книжевност и музика“ во три града во Македонија, Охрид, Штип и Скопје.

Проектот има за цел културно поврзување на Македонија и Хрватска и продлабочување на нивните пријателски врски истиот се организира во соработка со Општина Штип и НУУБ „Гоце Делчев“

hrvati gosti2 hrvati gosti3

Вчера беше направено претставување во Штип во НУ-УБ „Гоце Делчев“. На манифестацијата беа претставени две содржини: „Клинци-Мандолинци“ и Книжевност во живо со сплитските писателки Тонка Алуевиќ и Слободанка Џуџерија а како модератор на истите се јави штипскиот писател Трајче Кацаров.

hrvati gosti6

Клинци-Мандолинци ги сочинуваат Никола Митревски, Мате Кошутник (мандолина), Јероним Башиќ (мандола), Бригита Бановиќ (мандолончело) и Иван Новаковиќ (гитара) кои исполнуваат Македонски и Хрватски традиционални народни песни и кои дејствуваат веќе три години како дел од МКД „Македонија“ од Сплит под водство на професорот Ивана Кенк Калебиќ. На средбата свое обраќање имаше и градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев и директорката на библиотеката Милена Ристова-Михајловска.

hrvati gosti4 

hrvati gosti5